Албанија ги затвора сите гранични премини и авиосообраќајот со Грција

Албанија од утре ја затвора границата со Грција, што подразбира забрана за влез и излез и преку воздушен и преку копнен пат, објави на Фејсбук премиерот Еди Рама. – Почнувајќи…

Албанија од утре ја затвора границата со Грција, што подразбира забрана за влез и излез и преку воздушен и преку копнен пат, објави на Фејсбук премиерот Еди Рама.

– Почнувајќи од утре од 10 часот се забранува влез и излез со Грција. Значи се забранува како воздушниот, така и патниот сообраќај. Страв најмалку, внимание да, напиша Рама.

Албанија денеска потврди 10 нови случаи на коронавирус, со што бројот достигна 33, а како што предупреди Рама се очекува бројот да се зголеми.

Рама преку видео порака, исто така, предупреди дека „строгите мерки ќе бидат уште построги“.

– Мора да знаеме дека бројот ќе се зголеми, бидејќи како што ни објаснува глобалното искуство, епидемијата не е во наша моќ да ја запреме, туку само да ја успориме со мерки, нивно зајакнување, додава Рама.

Поради забраната за меѓуградскиот сообраќај од Тирана и Драч кон Скадар, Фиер, Елбасан, Лежа, Љушња и Валона и движењето на приватни возила, но и зголемиот број заразени, паричните казни кои ги најави Владата за сите оние кои не ги почитуваат препораките, градовите се празни.


Related Articles