Ковид-19: Состојба во светот до 10 часот

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 341 684 луѓе заразени со коронавирусот. Од нив починати се 14 751, а оздравеле 99 041 лица. Кина – Националната здравствена комисија…

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 341 684 луѓе заразени со коронавирусот. Од нив починати се 14 751, а оздравеле 99 041 лица.

Кина – Националната здравствена комисија на Кина денеска објави дека во државата не е регистриран ниту еден нов локален случај на зараза со Ковид-19, но 39 „увезени“ потврдени случаи. Петти ден по ред нема нови случаи во Вухан.

Британија – Момче на возраст од 18 години е најмладата жртва на коронавирусот во Британија каде според најновите податоци има 5 740 заразени и 281 починати. Момчето имало и други здравствени проблеми. Вчера беа пријавени нови 48 заразени.

Турција – Лекарската унија бара од властите да се прават повеќе тестови за новиот коронавирус и сметаат дека има многу нерегистрирани случаи на заразени.

Шпанија – Се ограничува влегувањето на повеќето странци на територија на државата.

Токио – Олимпијадата можно е да биде одложена поради коронавирусот, нагласи јапонскиот премиер.

Европа – Почна клиничко испитување на четири лекови против коронавирусот.

Австралија – Расте бројот на новозаразени – над 1 600, воведени се строги мерки. Властите забранија и впловување на крузери со стотици патници кои се жалеле на респираторни болести.

Венецуела – Објавени серија економски мерки за помош за справување со предизвиците од ширењето на коронавирусот.


Related Articles