Копринус-МРЛ e широко распространета габа и е јадлива. Често расте на тревниците, покрај патишта од чакал и депонии за отпад. Примордиите (млад плод) никнуваат од земјата како бели цилиндри, кои потоа се менуваат во розови, за на крајот да добијат црн изглед и лачат црна течност како мастило. Оттука, кај нас народно е позната како Мастилавка. Се јаде пред капите да се растворат до мастило. Течноста што ја испуштаат може да се користи за боење волна, ткаенини или хартија.
Копринус-МРЛ е 100% органска биомаса, што значи дека содржи млад плод и мицелиум. Биомасата овозможува ензимите и бета-глуканите да се отпорни на стомачните протеолитски ензими. Нејзиното дејство е исто како да конзумирате природна печурка.
Копринус-МРЛ е многу богата со калиум, калциум, железо, магнезиум, бакар, цинк, малку натриум, ванадиум, витамини Ц, Б1, Б3, над 20 слободни аминокиселини, од кои се присутни сите осум основни аминокиселини, полисахарид фукогалактан, големи количини на лектини и антиоксидантот L-ерготионеин.
Првото испитување е забележано уште во 1934 год. за ефектот на Копринус врз намалување на нивото на шеќер во крвта. Оттогаш, направени се многу испитувања кои покажуваат дека Копринус е многу корисен за тип 1 и за тип 2 дијабет. Кај овие пациенти, симултано се нормализира шеќерот во крвта, се намалуваат циркулаторните нарушувања и се распаѓаат депозитите во артериите.
Хипогликемични својства – биолошките активни состојки помагаат за намалување на шеќерот во крвта и да се намалат артерио-склеротичните последици од метаболизмот на шеќерот. Копринус има заштитен ефект врз Лангерхансовите клетки на панкреасот, кои лачат инсулин. Клиничките студии покажале намалување на шеќерот за 41% час и половина по неговата употреба; 31% 3 часа по употреба; , 20% по 6 часа. Копринус ја третира причината на дијабетот. Делумно, овие својства се должат на содржаниот ванадиум; солите на ванадиумот го имитирааат дејството на инсулините; затоа ванадиумовите соединенија се испитувале како потенцијално орално–активна замена за инсулин. Покрај тоа што се намалува шеќерот во крвта, се намалува и глико-хемоглобинот, HbA1c (нивото на шеќер во претходните 3 месеци).
Кај тип 2 дијабет со метаболички синдром, се препорачува Копринус секогаш да се комбинира со печурката Маитаке. Копринус и Маитаке се двете најзначајни печурки во третманот на дијабетот. Преку начинот на нивното делување, се регулираат инсулинските рецептори и се намалуваат триглицеридите.
Покрај комбинацијата со Маитаке, традиционалната кинеска медицина ги препорачува и: Реиши затоа што може да го намали вкупниот холестерол, позитивно делува врз срцевата работа, ги намалува воспалителните процеси, делува врз нервниот систем и емоциите, ги зајакнува белите дробови и црниот дроб; Кордицепс, заради поддршка на бубрежната функција. Сите овие печурки, заедно со Копринус, се за поддршка на физичкото и менталното здравје на пациентите со дијабет.
Потврдени ефекти од студии:
- Намалување на шеќерот во крвта и 10 часа по употребата на печурката
- Значително намалување по 11 дена
- Одржување ниско ниво на шеќер во крвта
- Подобрена толеранција на глукоза
- Спречување зголемување на телесната тежина
Анти-туморските својства се идентификувани кај:
- рак на дојка, особено кај естрогенски независниот тип (ER-), за кого не постои ефикасна терапија; затоа овие наоди се многу значајни
- рак на желудник, преку алкалниот протеин Y3 во габата
- рак на простата, андрогено зависен, поради имуномодулаторните својства на полисахаридите
- саркома 180 и Ерлих
Хепато-протективни својства – значително ги намалува негативните ефекти на алкохолот врз структура и функцијата на црниот дроб.
При употреба на Копринус, не конзумирајте алкохол.