Комисијата за заразни болести донесе предлог план за намалување на рестриктивните мерки кое ќе се одвива во неколку фази.
Министерот за здравство Венко Филипче посочи дека намалувањето на мерките е согласно повеќе критериуми.
-Предлог планот предвидува во оваа недела да се отворат и да се вратат во функција центрите за обука, семинари на возрасни, организација на седници, автошколи, испитни центри, спортски тренинзи на отворено за индивидуални спортови, тенис, спортски и други обложувалници преку шалтер без друга угостителска дејност и затворени трговски центари односно молови, истакна Филипче.
По епидемиолошка анализа следната недела се планира отворање на угостителски објекти, овозможување спортски тренизни за колективни спортови.
Филипче истакна дека за две недели, исто така по спроведена епидемиолошка анализа, се планираат тренизни во затворени спортски објекти, објекти за игри на среќа и отворање на базени работа на теретани и фитнес клубови и хотелски објекти.