Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ на својата официјална фејсбук страна посочи дека за да може да се заштити здравствениот систем, министерот за здравство Венко Филипче треба да собере сила и храброст и да го разреши директорот на ГОБ 8 Септември која во моментов важи за најголемиот ковид центар во државата.
– За да го заштитите здравствениот систем, Министре соберете сила и храброст, па повикајте го вашиот директор кој сте го назначиле на ГОБ 8ми Септември. Тој иако му е сограѓанин и близок пријател на Зоран Заев, сепак е одговорен пред Вас.
Дојдете во болницата, влезете внатре, прашајте го персоналот и ќе дознаете дека Директорот на ГОБ Д-р Костов не доаѓа на работа последниве месец дена, ниту знае што се случува во болницата.
– Доколку и вас не ви крене телефон како што тоа го прави на сите други директори и авторитети во здравството, разрешете го Министре.!!! Најдете храброст, барем сега. Ете така ќе го заштитите здравствениот систем…!!!