Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се потврдени нови 166 случаи на Ковид-19 од 1756 тестирања. Регистрираните случаи се во: Скопје 46, Куманово 17, Штип 13, Прилеп 12, Делчево 12, Тетово 11, Кочани 7, Пехчево 6,Струга 4, Битола 4, Берово 4, Дебар 3, Велес 3, Струмица 3, Виница 3, Свети Николе 3, Охрид 2, Кавадарци 2, Гевгелија 2, Крива Паланка 2, Радовиш 2, Македонски Брод 2, Кратово 2 и Пробиштип 1.
Институтот за јавно здравје регистрирал 224 оздравени пациент, и тоа во Скопје 59, Куманово 34, Дебар 28, Гостивар 17, Штип 15, Демир Хисар 7, Виница 7, Прилеп 6, Тетово 6, Струга 6, Охрид 6, Кавадарци 6, Македонски Брод 6, Неготино 5, Велес 4, Кичево 4, Берово 2, Битола 1, Радовиш 1, Кочани 1, Пробиштип 1, Делчево 1 и Свети Николе 1.
Нема починати пациенти.
На Инфективната клиника во Скопје во изминатите 24 часа примени се девет пациенти, а вкупно се хоспитализирани 79 пациенти. Од нив, на кислородна поддршка се 44, а нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле се хоспитализирани 13 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, две позитивни деца, четири мајки и четири деца суспектни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ примени се 5 нови, вкупно хоспитализирани се 22 пациенти. На респираторна машина се 2 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 14, а во болницата во Штип се хоспитализирани 48 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 107 , позитивни и сомнителни на ковид-19“, стои во соопштението на МЗ.