Солта како еден од најчесто употребуваните зачини во нашата исхрана може да предизвика и намалување на имунитетот. Според најновата студија, количината на сол кој се внесува во организмот прави да бидеме почувствителни на болести предизивикани од бактерии и болести предизвикани од вируси.
Станува збор за студија објавена во списанието „Circulation“ која открива дека зголемени количина на натриум во крвта влијаат на тоа како одреден вид на бели крвни зрнца се подготвува за реакција кога ќе почувствува заболена ќелија. Еден од научниците вели дека е откриено како реагираат ќелиите кои биле изложени на висока концентрација на сол. Настанува пореметувањње на дишниот синџир поради што ќелиите произведуваат помалку АТП и трошат помалку кислород.
АТП или аденозин трифосфат е дифиниран како универзално гориво кое ги покренува сите клетки во телото давајќи им енергија.
Според студијата се препорачува кај возрасните лица дневните количини да се ограничат на внес од најмногу пет или пест грама, вклучувајќи ја и солта скриена во преработената храна.