Министерството за здравство денеска потврди дека Комисијата за заразни болести донесе препорака да нема промена на рестриктивните мерки. Полицискиот час ќе продолжи да важи од 00:00 до 04:00 часот, а работното време на угостителските објекти ќе продолжи да биде до 23:30 часот уште две недели.
Предлогот за олабавување на рестриктивните мерки беше донесен минатиот понеделник врз основа на епидемиолошката состојба во државата, поточно намалениот број на ново заболени случаи од Ковид-19. Министерот Филипче посочи дека се уште на сила ќе биде одлуката за носење на заштитни маски на отворено.
Засега нема потврда кога ќе се решава за можно олеснување на рестриктивните мерки и покрај намалениот број на новозаразени и хоспитализирани лица од коронавирусот.