Не доведувајте се во ризик да имате изгореници од сонце користејќи стари креми или средства кои ја губат способноста да го блокираат УВ зрачењето по само 12 месеци. Доколку имате стара крема за сончање би требало добро да ја проверите пред да ја понесете со себе на одмор.
Британскиот дерматолог Мервин Патерсон откри дека освен наведениот рок на траење постојат неколку знаци кои можат да ви откријаат дека кремата не смеете да ја користите повеќе.
– Доколку приметите промена во мирисот и текстурата на кремата, во таков случај без оглед на рокот стиснат во амабалажата, подобро ви е да си купите нова“, истакна докторот. Патерсон додаде дека во главно овие креми имаат рок на траење до година. Внимавајте освен што сонцето ќе ве изгори ќе ви се појави и иритација на кожата, додава тој.
За да го продолжите векот на вашите креми, докторот советува да ги чувате на ладни места на кои нема да бидат во контакт со сончевата светлина, идеално место за тоа би било вашиот фрижидер за храна.
Еве неколку причини зошто не би требало да ги користите старите креми за сончање. Козметичките препарати во течна состојба се особено опасни ако им истекол рокот, во нив полесно се создаваат бактерии и габи. Како резултат на користењето на овие креми, можни се различни видови на иритација и осип на кожата.
Во исклучителни случаи, старата крема за заштита од сонце може да предизвика тн. труење преку апсорпција. Како резултат на ова може да се јават отечени жлезди во одредени региони. Ако бајатата крема ја мачкате на лицето, може да имате проблем со гнојни акни. Како и старите креми за лице, така и оние за заштита од сонцето никако не смеете да ги мачкате во пределот околу очите, бидејќи можат да предизвикаат воспаление на окото.