Синоптичарите за денеска попладне и за утре најавуваат нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа, како што најавуваат, процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, силни електрични празнења и појава на град. Температурата ќе биде пониска за неколку степени.

Препорачуваат да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја во случај на појава на електрични празнења.

И во понеделник попладне ќе има услови за изолирана појава краткотраен пороен дожд и грмежи. Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно и многу топло.