Во текот на изминатото деноноќие од 2.896 направени тестирања, беа регистрирани 17 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во:
Тетово – 9, Скопје – 6, и Прилеп и Гостивар – по 1, информираше министерството за здравство. Едно лице од Скопје на возраст од 70 години починало во болница, а 7 оздравеле.

Досега во земјата се направени вкупно 941.178 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.981, бројката на оздравени пациенти е 150.251, на починати е 5.489, а бројот на активни случаи изнесува 241.

Најмногу активни случаи беа регистрирани во Скопје-94 и Тетово-80. Во останатите градови низ Македонија состојбата е следна: Гостивар-17, Куманово-14, Кичево-7, Дебар-5, Охрид и Струга-4, Штип и Струмица-3, Прилеп, Битола и Кочани-2, Кавадарци, Гевгелија, Свети Николе и Берово-1. Во останатите градови не биле регистрирани активни случаи на Ковид-19.

Досега се вакцинирани вкупно 473.657 граѓани. Прва доза вакцина примиле 4.976 граѓани, а во текот на изминатите 24 часа вкупно се вакцинирале 17.521 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 760.961 дози вакцини, а ревакцинирани се 305.804 граѓани.

Со последните бројки 61% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 58% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 53% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 43% од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба. Сајтот vakcinacija.mk е отворен за закажување на термини за вакцинација на децата. Ревакцинацијата се одвива во спортските сали низ градовите во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп и во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје.