Најмладиот починат пациент вчера од Ковид-19 е на возраст од 18 години. Според информациите кои ги соопштија од Министерството за здравство за еден од нашите телевизиски медиуми, станува збор за девојка која се породила во месец март. Таа починала на Инфективна клиника во Скопје.
Инаку вчера беа пријавени 41 починато лице: 23 починати лица од Скопје (84г, 82г, 81г, 79г, 78г, 77г, 75г, 73г, 71г, 68г, 68г, 66г, 64г, 62г, 62г, 62г, 60г, 56г, 52г, 47г, 31г, 23г и 18г), 4 починати лица од Тетово (82г, 81г, 76г и 69г), по 3 починати лица од Куманово (71г, 69г и 66г) и Кичево (84г, 81г и 63г), по едно починато лице од Прилеп (66г), Гостивар (83г), Битола (72г), Струмица (75г), Охрид (78г), Струга (45г), Кавадарци (79г) и Дебар (54г).