Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ Македонија, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 784.244 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 1.820 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 7.207 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.505.469 дози вакцини, а ревакцинирани се 721.156 граѓани. Трета доза вакцина вчера примиле 69 граѓани.
Со последните бројки 55% од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 32% од населението над 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.
– Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител. Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување како и смртен исход од истата, велат од Министерството за здравство.