Попладнево снабдувањето со електрична енергија беше прекинато поради испад на далекуводот од ТС Скопје 4 кон ТС Бунарџик и пожар во близина на трансформаторската станица. Компанијата МЕПСО соопшти дека испадот на далекуводот го услови испаѓањето од погон на двата 400/110 кV трансформатори, а со тоа и испадот на целата трафостаница Скопје 4 во населбата Пинтија.
Токму поради овие причини и Министерот за здравство, Беким Сали на социјалните мрежи објави дека по падот на електричната енергија на Клиничкиот центар во Скопје се преземени сите мерки.
– Ја информираме јавноста дека по прекинот на електричната енергија во текот на попладневните часови во Скопје, на Клиничкиот центар во Скопје се преземени сите неопходни мерки за да се избегнат какви било последици во однос на нормалното функционирање. Непречено функционираат и агрегаторите во сите клиники, а здравствената нега кон пациентите не е попречена во ниту еден момент.