Од наводно мала скршеница на зглобот постои сериозна опасност 12-годишната Анастасија да ја изгуби ногата. Нејзината мајка Тања од скопско Марино со солзи во очите пред камерата на Сител ја раскажа голготата која ја поминувааt овие 6 месеци низ македонските болници, а спас за детето никако да најде.
Се почнало во јануари годинава кога Ансатасија додека си играла со другарчињата паднала и ја повредила ногата. Во старата градска болница и ставиле гипс. После 1 месец докторот и рекол дека се е во ред и детето може слободно да оди.
-Јас викам дека ми е покрупна и што лежеше се поправи уште малку. Тој ми вика слободно нека вежба и на физичко, изјави Тања Симеонов.
Но, девојчето чувствувало силни болки, а отокот не се повлекувал. Чекале уште еден месец за магнет и со резултатот повторно отишле кај истиот доктор.
-По долго мислење вика имало откачена коска и он немал искуство со таква повреда, вели Тања.
Ја препратиле во Мајчин дом, па ги шетале по сите Клиники, Трауматологија, Ортопедија, Детска Хирургија, но никој не се нафатил да го оперира детето. Тања тврди дека еден доктор и барал пари.
-Вика ова треба да се оперира 700 евра. Му викам докторе ова се многу пари јас немам толку пари, изјави Тања Симеонов.
Откако наводно не се правеле такви хируршки зафати на Клинички од таму заминале во градската болница 8 септември. Но, и таму не ја добиле потребната здравствена услуга.
-Ми викаат ако се исчисти местото треба да се пополни со матични клетки, а тоа не го покривал фондот, раскажа Тања.
Без ниту едно коззилијарно мислење иако никој во јавното здравство не можел да ја направи операцијата отишле во приватна болница каде се нафатиле да ја оперираат Анастасија, а тоа ќе ги чинело 1000 евра.
– Работам како чистачка во влезови и цело време трчам по болници и мислам да не падне детето па да треба да и ја исечат ногата, раскажа низ солзи Тања.
После секојдневната битка по болниците, разочарана од здравството Тања се охрабри да побара помош од хуманите граѓани за да ја спаси ногата на нејзиното единствено дете за да може Анастасија повторно да вежба Физичко и да си игра со другарчињата.
Трансакциска сметка на НЛБ Тутунска Банка
На име Тања Стоилковска Симеонов
210501704277051