И покрај тоа што во текот на целата мината недела јавноста беше шокирана од изјавите и скандалите поврзани со болницата во Струмица, каде што пациентите биле лечени и им биле давани терапии со лекови со поминат рок повеќе од 3-4 години. Реакција на министерот за здравство недостасуваше, едноставно барем да се излезе и да се проба да се демантира нештото. Јасно и е на јавноста дека нема како и нема со кои аргументи да се излезе освен да се сувопарно негира веќе откриениот скандал.
Но, и тоа го немаше во јавноста ниту пак некој друг излезе да проговори на оваа тема, граѓаните изразија своја загриженост, бидејќи дел од нив се пациенти на клиниките ширум републикава и едноставно стравуваат од тоа што може да се случува и начинот на кој во моментот се води здравството и здравствениот систем во Македонија.
Знаејќи ја семејната историја на фамилија Филипче и минатото не може да се очекува нешто подобро, крушката под крушка паѓа. За сите оние што незнаат мало потсетување: таткото Илија, министер за здравство во период помеѓу 1994-1997 по предлог од лицето БЦ, чичкото Добре, назначен за главен на комисијата за лекови, преку која во тој период се случува снабдувањето на сите аптеки со лекови ширум републикава. Во тој период се случува „славното“ препакување на лекови со поминат рок и враќање назад на македонските пациенти со чии пари се прават профитите на оваа фамилија. За на крај сосема случајно во рутинска контрола на словенската граница да биде фатен Добре Филипче, чичкото со торба со голема сум на пари, тука следи и обвинението за шверц на пари кое го заработува Добре.
Со целата оваа позадина и „знаење“ згора на тоа прошетан и млад, Заев го предложува и става Венко Филипче за министер за здравство, актуелен, најверојатно поради искуството во манипулација со лековите и тоа што може како профит да се донесе на кастата Заеви. Министерот Филипче никако не реагира по прашањето на лековите со поминат рок, воопшто не ги коментира, секогаш кога ќе се излезе во јавност со прес се раскажува и се збори за нови ветувања за нови промени од кои ниту една не видовме откако е дојден на министерската фотеља. Па, тука има изградба на нов клинички, ние ќе ги правиме тендерите за набавка на лекови за неколку клиники (по фамилијарна жица ова со лековите), поточно за оние лекови кои се скапи, ќе има групна набавка ја превзема МЗ, повторно се бара од граѓаните трпеливост, наводно ќе се среди со чекањето по ходници, ќе се среди и се работи на подобрување на системот само нека македонскиот народ и пациентите се стрпат додека да помине неговиот мандат, понатаму нема да бидат негова грижа и со тоа неговата работа е завршена.
Анкетата покажува само колку граѓаните (НЕ)веруваат на тоа што го примаат како лекарства, никој ништо не им кажува, не ги информира ниту пак ги третира како пациенти, голем број на луѓе се понижени, оставени да чекаат дури и по два часа иако имаат закажано преку системот Мој термин, здравствениот систем тоне во хаос и го јаде помрачување, каде македонските пациенти не гледаат светла точка.
Приморани и условени мораат да бараат помош токму во овие институции, наидуваат само на викање и дрско однесување, недоволно кадар, нестручен кадар и разочарани талкаат во надеж дека некој барем ќе ги сослуша и можеби ќе им го реши нивниот здравствен проблем.
Во меѓувреме министерот Филипче, си спие мирно, доаѓа на работното место, изгледа се како што треба и како да се работи, меѓутоа недостасуваат резултати и згора на се оние моменти кога очекуваме некаква реакција и осуда од министерот како за катлановска бања, како за ФЗОМ, како за лековите сега, тоа изостанува, а министерот се води по народната поговорка: Ако не го чепнеш, нема да го збориш, ќе се правиш дека не постои нештото полека, полека ќе исчезне…
Господине министре, јавноста ви порачува преку анкетата во оваа статија дека тоа не е така, нашите македонци немаат соодветно здравство, нашите македонци и македонки се третирани несоодветно, нашите македонци и македонки, вашите пациенти се тие кои го гледаат сето ова и го паметат, го врежуваат во нивните срца, нема да го заборават, бидејќи со ваквото ваше однесување и негрижа за здравствениот систем во Македонија има и ќе има доста фамилии, семејства каде некој ќе настрада поради, невнимание, нестручност, недоволна грижа или недај боже поради лек со поминат рок.
Кога тоа ќе се случи, прво никој нема да ве заборави што е тоа што не сте го направиле за македонското здравство и знаете што ви следи од народот после таквиот третман, второ пациентите веќе и така не веруваат во вашите изјави за промени, кога пациентите ќе почнат да гинат, да страдаат, персоналот што го едуцирате и вработувате ви е несоодветен, македонските пациенти да знаете дека паметат и ќе паметат колкава штета му нанесувате на здравствениот систем секојдневно. Секоја чест, „браво мајсторе“, ваков министер до сега сме немале, дај боже никогаш и да немаме повторно! – се реакциите на јавноста и на граѓаните
Македонските пациенти заслужуваат министер кој ќе се грижи за нив, ова НЕ!!!