Коронавирусот се уште е присутен меѓу нас. Во текот на 2023 година односно во јануари, февруари и март, на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се лекувани вкупно 69 пациенти со дијагноза Ковид-19, а лекувањето во моментот го продолжуваат шест пациенти. Во изминатиот период починати се седум пациенти. Сите лица кои се позитивни или имале контакт со заболено лице имаат издадено решение за изолација. Сива зона нема.
Од министерството за здравство велат дека според достапните податоци, последната докажана варијанта на Ковид-19 во државава е кракен подваријантата на омикрон, која е високо заразна.
Препораките за превенција се подеднакво исти како и за претходните варијанти, односно одржување на хигиената на рацете, избегнување на присуство во простории каде има поголема концентрација на луѓе, при кивање и кашлање да се става рака на уста сѐ со цел да се спречи ширењето на флигеовите капки.