Исхраната има големо влијание врз нашето здравје, а одредени намирници предизвикуваат хроничен умор и неквалитетен сон. Депресивните состојби или пак само лошото расположение исто така често се предизвикани од нездравата исхрана.
Во продолжение ви откриваме кои намирници и пијалоци би требало да ги исклучите од секојдневната исхрана или пак само да го ограничите или намалите нивниот внес, со цел подобрување на севкупното ментално здравје и постојаното чувство на глад.
Алкохол: ако имате проблем со честите промени на расположението, можно е да прибегнувате кон алкохолот за да се чувствувате подобро. Но кога ефектот на алкохолот ќе помине, повторно ќе се почувствувате исцрпено. Причината за ваквата состојба е тоа што алкохолот го затапува централниот нервен систем, влијае на квалитетот на сонот и го влошува севкупното ментално здравје.
Енергетски напитоци: Комбинацијата од кофеин, шеќери и вештачки засладувачи во енергетските пијалоци може да предизвика пореметување на сонот кој често пати се поврзува и со чувството на постојан глад.
Кафе: Кофеинот може да влијае на чуѓето на различни начини. Ако поради консумацијата на кафе доживеете чувство на нервоза, раздразливост и забрзана работа на срце, подобро е да го намалите внесот на кафе или пак да прејдете на пијалоци без кофеин бидејќи во спротивно ќе се појави повторно чувството на постојан глад.
Газирани сокови: Редовното консумирање на газирани пијалоци исто така може да биде проблем поради зголемените нивоа на шеќер во организмот кои тие ги предизвикуваат. Потоа може да се јави лошо расположение и потреба за храна.
Готови јадења: Готовите или полуготовите јадења се едноставни за подготовка и се лесно достапни, но содржат доста адитиви, шеќери, сол и секако калории. Редовното консумирање на брза храна доведува до воспаленија, а воспалителните реакции кои се јавуваат во мозокот го зголемуваат ризикот од депресија, умор, глад, како и нарушувања на сонот.
Сосови: Готовите сосови имаат доста шеќери во различни облици, што значи дека можат да предизвикаат промени во расположението. Дури и таканаречените „сосови без шеќер“ често содржат аспартам, вештачки засладувач кој се поврзува со зголеменото чувство на анксиозност и депресија. Најдобар избор се домашно приготвените сосови и намази во кои знаете што сте ставиле.
Транс масти: Транс мастите се наоѓаат во голем број намирници, како што се печени јадења, маргарин, брза храна итн. Студиите говорат дека честото внесување на транс масти се поврзува со зголемен ризик од депресија, немотивирана агресија и раздразливост.