На децата со малигни заболувања не им се дава лек актиномицин Д, антитуморнен антибиотик, вид на терапија за специфични видови на рак, што најчесто се дијагностицираат кај деца. Недостиг од овој лек има веќе две години, вели Д-р Билјана Чонеска Јованова и додава, годишно има од 35 до 40 новодијагностицирани пациенти – деца, но негира дека има тренд на зголемување на бројката.
Професор д-р Катерина Ставревиќ, в.д. директор на Клиниката за детски болести вели дека лекот ќе биде набавен, но на отварањето на т.н. „Тивка соба“, мал реновиран дел на онкологија, посочува дека неопходна е реконструкција на целиот одделот со цел да им се овозможи подобар престој на дечињата.
Од Здружението „Санос“ со чија помош е отворена „Тивката соба“ најавија изградба на родителска куќа наменета за сите оние родители чии деца се на подолг престој во болницата.
На одделот за окнологија во моментов се сместени 115 деца.
Останува отворено прашањето зошто болниците и здруженијата, „се крстат“ во добродушноста на граѓаните и нивните донации и кога здравствените власти ќе обрнат поголемо внимание на клиниката за детски болести каде престојуваат деца со малигни заболувања.