Граѓаните на Р. Македонија, како пациенти и како луѓе кои се грижат за некој свој близок, доколку треба да обезбедат лек во градските аптеки, треба да поминат низ сито и решето, да прескокаат обрачи и што уште не и тоа само до 5-ти во месецот, потоа сите лекарства ги има ама само со пари, на рецепти нема ништо.
Квотите и понатаму се мали, лековите за македонските пациенти недостапни, скапи или воопшто ги нема, директорот на ФЗОМ, Ден Дончев, откако дојде на функцијата е како ЈЕТИ, снежниот човек, сите го зборат дека постои, а никој не го видел, за изјава е целосно резервиран и недостапен, ама не само он туку и целиот негов тим кој се грижи за односите со јавноста, играат мајтап со новинарските екипи, воедно и со граѓаните кои имаат право да знаат кога ќе добијат лекови, кога ќе има поголеми квоти и сето тоа што го интересира македонскиот пациент.
Доколку побарате изјава од директорот на ФЗОМ како новинарска екипа од таму првично бараат официјално да им се достави барање за интервју, изјава, мејл, да го разгледаат, потоа ниту одговараат на истото, не закажуваат термин, не даваат изјава и едноставно ги нема. Тоа е само показател за вината која ја имаат и за тоа што го прават, не се грижат за македонските пациенти, за постојаното снабдување со лекови во аптеките, за поголеми квоти, за ништо не берат гајле, избегнуваат одговорност, трпаат пари и провизии на свои сметки и македонскиот пациент е последен на нивниот список.
Додека да дојде на функцијата Ден Дончев, директорот во моментот на ФЗОМ ветуваше брда и долини, дека ќе има поголеми квоти, повеќе лекови, подостапни за граѓаните и сега сето тоа исчезна и се распука како меур од сапуница. Директорот го нема никаде, ветувањата празни, неисполнети, остана само книшката празна на пациентите и болните со хронична терапија, со рецептите до 5-ти во месецот да талкаат низ градот од аптека до аптека надевајќи се дека некаде таму е нивниот лек на рецепта, а тоа го нема тоа е само сон, низ аптеките има лекови само за пари, штом не си успеал на рецепт да ги земеш потоа треба да имаш брдо пари за давање ако ти е мил животот и сакаш да го преживееш месецот.
Тоа го прават македонските пациенти, преживуваат!
Во анкетата убаво се гледа како граѓаните кои ги затекнавме на клинички се разочарани од системот, од ФЗОМ, од директорот на ФЗОМ, бараат оставка, ако не е кадарен Ден Дончев нека не ја работи таа работа и нека си замине, македонските граѓани се тие кои се постојано без лекови, тие се секој месец на работ на преживување во зависност од тоа дали ќе земат лекови на рецепт или ќе успеат да најдат пари да ги земат приватно зошто ги нема, а им се потребни.
Истите тие граѓани ќе му пресудат и на Ден Дончев, на Венко Филипче како и на оваа власт што таа грубо и на најдрзок начин не бере гајле и не се грижи за македонските граѓани/пациенти на кои овие две институции МЗ и ФЗОМ треба најмногу да им обрнат внимание.
Ние граѓаните повеќе не веруваме на никого и не сме воопшто оптимисти дека целата ситуација во здравството како што е до сега и со Венко и со Ден Дончев во некој момент ќе се смени и ќе тргне на подобро, не веруваме и чисто се сомневаме, со ваков кадар и вакви луѓе за министри/директори…ТЕШКО!!! – посочија граѓаните од анкетата.