Државниот здравствен санитарен инспекторат изврши контрола кај ресенчанец кој подолг период „лекувал“ пациенти со рак на кожата и други дерматолошки проблеми со лек кој самиот го подготвувал. Тој лекувал во амбулантата „Натура Медика“ во селото Џепшиште кај Тетово, и тоа секоја недела од 09 до 15 часот.

За еден третман, пациентите плаќале по 500 денари, а им било препорачувано да се третираат два пати на ден.

– Инспекторатот утврди дека лицето со иницијали Н.П. користи препарати за лекување на пациенти кои се со стаклена амбалажа и без декларација. За работата што ја работи, нема работна дозвола. Во однос на препаратите кои ги користи за време на третманот на рак на кожа и на некои други видови на рак, а за кои поседува одредена документација, лицето е испратено до Агенцијата за лекови за верификација.

Во однос на констатираната фактичка состојба, Инспекторатот издаде забрана за вршење на утврдената активност на Н.П., како и забрана за работење во амбулантата Натура Медика во Џепчиште, рекоа од здравствениот инспекторат.

Инаку расте бројот на заболени од рак на кожа и во Светот и во Македонија. Оваа година дијагностицирани се 480 пациенти со најопасниот и најсмртоносен тип на рак на кожа – малигнен меланом, докторите бараат да се подобри дијагностиката, да се поврзат на дерматолошките центири, а граѓаните доколку забележат некакви промени на кожата навреме да консултираат кожен доктор.

Половина од пациентите со рак на кожа се откриваат кога болеста е во поодмината фаза, директорот на клиниката за онкологија Нино Васев посочи дека проблем се подоцнежните стадиуми на болеста кога се потребни поскапи лекови за третман на болеста.

Каде е министерот и надлежните да ги воочуваат овие работи навреме, да реагираат и да се превземе нешто. Што ќе направи сега Филипче со самопрогласениот доктор од Џепчиште, да не го „санкционира“ или можеби по стапките на владата ќе го викне да биде советник во Министерството за здравство? – прашуваат граѓаните, до кога вака башибозук во цело здравство ќе се прави?