Министерството за здравство ги демантира шпекулациите во врска со тендерот за набавка на тестови и реагенси за биохемиски, имунолошки, хематолошки, коагулациони и гасни анализи, и дека договорот е доделен на една фирма.
– На 16 јули во 13 часот се отвори тендерот за набавка на тестови и реагенси за биохемиски, имунолошки, хематолошки, коагулациони и гасни анализи со отстапување на потребната опрема (анализатори) на бесплатно користење за потребите на Јавните здравствени установи со оглас бр. 16/2018, во законски рок, а до крајниот рок за поднесување на понуди пристигната е само една понуда. На јавното отврање беа присутни претставници од Центарот за граѓански комуникации и надворешни претставници од фирмите, стои во соопштението од Министерството за здравство.
Посочуваат дека од причина што станува збор за тригодишна јавна набавка на тестови и реагенси за биохемиски, имунолошки, хематолошки, коагулациони и гасни анализи и проценетата вредност за истото е висока. Министерството за здравство, како што наведуваат, ќе ја разгледа понудата со целокупната документација во законски одредениот рок, а во моментов постапката е во фаза на евалуација и се уште не е спроведена електронска аукција.
Целата постапка беше отворена за јавноста и процесот беше транспарентен. Во текот на април (кој се спомнува во јавноста) беше спроведен технички дијалог согласно одредбите од Законот за јавни набавки. По техничкиот дијалог, сите економски оператори кои го искористија правото да дадат забелешки по тендерската документација и поднесоа приговори, во законски одреден рок добија записник и корегирана тендерска документација со сите извршени корекции и измени, стои во соопштението од Министерството.