Со СДСМ на власт државата е во застој. Сите претходно започнати проекти се со забавен процес на изградба или во целосен застој. Повеќе од една година изградбата на Клиничката болница – Штип е во застој односно наменски се развлекува периодот на изградба на објект кој требаше да биде пуштен во употреба оваа година, истакна Иван Јорданов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
-Неспособноста е на директна штета на над 300.000 граѓани од источниот дел на државата. Наместо сите жители од источниот регион веќе да ги користат услугите на Клиничката болница, неспособноста на СДСМ се манифестира преку застој на градбата. Наместо модерни услови за престој на пациентите и достоинствени работни простории за вработените, прашање е кога и дали воопшто болницата ќе ја види светлината на денот, рече Јорданов и додаде:
„Колку за потсетување Клиничката болница – Штип ја започна владата на ВМРО-ДПМНЕ во 2015 година, се градеше во напредна фаза и истата требаше да биде завршена во 2018 година. По преземањето на власта од СДСМ овде не се одвиваат речиси никакви градежни активности ниту пак докторите добиваат плати од 100.000 денари, а пациентите од Источна Македонија повторно се заборавени од СДСМ. Источна Македонија е заборавена од оваа власт, сите проекти се во застој или наменски се развлекуваат. Граѓаните и државата се тие кои што се жртва на ова неспособна власт. СДСМ мора да си замине за Република Македонија да тргне напред“.