Вакцината против рак до која дошле истражувачите од Универзитетот Стенфорд, во наредните месеци ќе се тестира и на луѓето, а за една година би можела да се применува кај онколошките пациенти ширум светот.
Ова е одлична вест за лицата заболени од рак, затоа што, во најголем случај за 1-2 години, овој лек би можел да биде достапен за сите пациенти, а лекувањето би се одвивало без хемотерапија.
Имено, вакцината би требало да го испровоцира имунолошкиот систем и да ги научи клетките убијци да го пронајдат малигното ткиво и да го уништат, што би овозможило онколошките пациенти да се излечат дури и во поодминатите стадиуми.
Вакцината се покажала како успешна во 97 проценти од случаите кај глувците, а до крајот на годината ќе се испитува и на 35 доброволни лица кои боледуваат од рак.
Истражувањето предводено од професорот по онкологија Роналд Леви – пионер во областа на имунотерапија на ракот, а чија лабораторија ја развила и вообичаената хемотерапија”ритуксимаб”, објавено е во стручното списание “Science Translational Medicine“.
Вацината која ја развиле овие научници е комбинација од два постоечки лекови. Таа претставува единствениот тип на имунотерапија, бидејќи реактивира специфични Т-клетки по пат на вбризгување микрограмски количини на два агенси, директно во туморот.
Леви тврди дека вакцината била ефикасна и кај глувците кај кои ракот метастазирал по целото тело. Тој истакнува дека вакцината не предизвикува штетни нуспојави кај пациентите и дека ќе биде финансиски поисплатлива, за разлика од досегашните третмани. Несаканите дејства кај глувците биле минимални, вклучувајќи грозница, а со нејзината примена се исклучува хемотерапијата.
Во понатамошното клиничко истражување, има за цел да вклучи и лица оболени од лимфом (вид на рак кој ги напаѓа лимфните јазли).
Доколу експериментот се покаже како успешен, Леви тврди дека ќе може да се користи кај различни видови на тумори и дека со текот на времето, онколозите ќе даваат инекции пред оперативниот зафат, како би се спречило повторно појавување на туморот.
Дејството на вакцината ќе се испитува низ две студии. Секој пациент напоредно со оваа терапија (која ќе се спроведува два пати во текот на 6 недели), ќе прима и мала доза на зрачење. Засега, не е утврден периодот помеѓу вакцините.
Доктор Мичел Хермистон, која се занимава со имунотерапија во една од Калифорниските болници, вели дека вакцината потенцијално, би можела да спаси илјада животи.
Директорот на Институтот за онкологија и радиологија во Србија – проф. д-р. Радан Џодиќ, вели дека имунотерапијата е идинината на онкологијата и дека не постојат лекови ни хемотерапија кои можат да го излечат ракот како клетките убијци.
“Лекот ги провоцира клетките, кои инаку го бранат телото од сѐ, па и од туморите, така што, клетките учат како да ги препознаат штетните клетки и да ги елиминираат. Тој систем е клуч и основа во лекувањето на ракот”- вели Џодиќ.