Анонимен хуманитарец ја плати операцијата на Игор: утре заминува за Турција, да помогнеме да донираме за терапија!

„Финансиските средства за Игорче се обезбедени од анонимен донатор, додека авионските билети ги плати Деспина Велковска“. Оваа прекрасна вест беше споделена пред малку по повикот дека време за чекање нема…

„Финансиските средства за Игорче се обезбедени од анонимен донатор, додека авионските билети ги плати Деспина Велковска“.

Оваа прекрасна вест беше споделена пред малку по повикот дека време за чекање нема и дека Игор Геленчев е во критична состојба.

Тој утре ќе оди на лекување во Турција.

-Воедно благодарност и до Жана Величковска што несебично ни излезе во пресрет. Ви благодариме на сите хумани луѓе што го раширивте постот. Игорче утре лета за Турција, му посакуваме успешна операција и лесно заздравување, пишува во соопштението.

Бидејќи ќе има и постоперативен период и терапија, можете да донирате на отворените донациски броеви и да му помогнете на Игор да успее во оваа борба!

143181 Телеком
143468 Вип/Оне


Related Articles