Под мотото „Исчисти, Твитни“ денеска се одржа волонтерска еко-акција за чистење на кејот покрај Вардар со која беа опфатени патеките и бреговите од двете страни на реката во централното градско подрачје на Скопје.
Во акцијата учествуваа и британскиот амабасадор Чарлс Гарет, амбасадорот на САД Џес Бејли, како и холандскиот амбасадор Вилем Ваутер Пломп, со нивните тимови. Амбасадорите ги засукаа ракавите, ставија ракавици и во кеси за ѓубре го собираа отпадот. Испратија порака дека мора да бидеме сите совесни бидејќи здрава животна средина ни треба на сите.
Ова е трета по ред волонтерска еко-акција од ваков карактер. Во претходните две акции беа исчистени брегот и водите на езерото Матка, како и кејот на реката Вардар.