Секоја година има нови 300 бубрежно болни луѓе. Од нив, во првите месеци голем е бројот на оние кои ќе починат или ќе прекинат со дијализно лекување бидејќи биле акутни, што значи 250 после третиот месец од лекување со дијализа остануваат на хронична дијализа програма.
Ова се податоци од доктори упатени во проблематиката, исто така се истакнува дека околу 1.600 пациенти се лекуваат со дијализа од кои 215 се трансплантирани, а 32 се на перитонеална дијализа. Жените, многу почесто имаат инфекции на урогениталниот тракт, како и едно од системските заболувања, а тоа е лупусот (нарушување на имунолошкиот систем).
– Жената е позаштитена во однос на терминалното бубрежно заболување во однос на мажот, затоа што се смета дека постојат механизми кои, кога веќе има хронично бубрежно заболување, ја штитат од прогресија до крајната фаза. Жените околу десет години подоцна почнуваат со дијализно лекување во однос на мажите – рече Стојчева Танева
Претседателот на Македонското здружение за нефрологија, дијализа, трансплантација и вештачки органи, Гоце Спасовски, истакна дека четири трансплантации се направени годинава, а овој месец се предвидени уште две.
– Месечно се прават трансплантации на двајца пациенти, седум пациенти чекаат во моментот за регуларна трансплантација, а кај четири случаи донорот е со различна крвна група, кој не може да му даде крв, но може да му даде бубрег со специјално прекондиционирање – потенцира Спасовски.
Каде е министерот Филипче да посочи решение, да помогне, да обезбеди кадар за овие пациенти да не чекаат за трансплатација? Не се ли само 2 трансплатации месечно малку, кога има толку многу болни и погодени од оваа ситуација?