ЕСЕ: Намалена транспарентноста кај јавните набавки во министерството за здравство

Вчерашниот Извештај за мониторинг на Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените (ЕСЕ) за министерството за здравство посочи дека има намалена транспарентност на објавување на информации за спроведени постапки…

Вчерашниот Извештај за мониторинг на Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените (ЕСЕ) за министерството за здравство посочи дека има намалена транспарентност на објавување на информации за спроведени постапки за јавни набавки за здравствените институции.

„Нивото на транспарентност во објавувањето информации за спроведените постапки за јавни набавки во здравствени институции бележи тренд на намалување“, ова го забележува мониторингот на Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените (ЕСЕ), кое во периодот од 2016 до 2019 година континуирано го следеше процесот на јавни набавки во 62 здравствени институции.

Според извршениот мониторинг на ЕСЕ нотира дека од година во година се намалува конкурентноста односно сè помал број компании учествуваат на тендерите и го добиваат бизнисот што само по себе создава поголеми можности за корупција и злоупотреби.

„Народните пари што се трошат за јавни набавки се зголемуваат, но не и квалитетот на здравствените услуги кои ги добиваат пациентите. Недостигаат лекови и медицинска опрема, постојат долги листи на чекање кои се всушност и болно секојдневие за пациентите“, вели Дарко Антиќ од Здружението ЕСЕ.

„Истражувањето покажува дека најголем дел од договорите за јавни набавки се случуваат во првиот и четвртиот квартал од годината, што говори дека јавните здравствени институции немаат годишен план за набавки или пак не се придржуваат до него“, стои во соопштението од ЕСЕ.

За овој проблем подолг период алармираше и опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ. Тие посочуваа дека јавните набавки во министерството за здравство се склучуваат во четири очи, а тоа отвора можност дека народните пари завршуваат во нечиј џеб, а за тоа треба да се одговара пред законот. Последен пример за тоа беше и тендерот за респиратори за кој што по алармирањето на ВМРО-ДПМНЕ, Филипче го поништи, тоа се случи во месец март, на самиот старт на КОВИД-19.

Според ВМРО ДПМНЕ, во услови на вонредна состојба и светска епидемија на корона вирусот криминалната банда на власт наместо да се бави со зачувување на здравјето на граѓаните се бави со криминални тендери во четири очи, милионски провизии и класично профитерство.

„ВМРО-ДПМНЕ будно ја следи работата на Владата, ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи ниту еден денар од буџетот на Република Македонија да биде потрошен залудно или да заврши во џебовите на функционери од власта. Во овие моменти секој денар е важен, македонската економија е пред колапс, илјадници луѓе на дневна основа остануваат на улица и без основниот приход. Потребни се итни мерки за финансиска поддршка на стопанството и граѓаните, а не крвави тендери за богатење на малкумина од врхушката на власта. Ваквото шокантно однесување на власта ни малку не влева доверба кај граѓаните дека имаат намера и се способни да се спасат со оваа досега невидена криза за Македонија, но и светот“, велат во соопштение ВМРО-ДПМНЕ.

На сето обвинување и укажување од страна на ВМРО-ДПМНЕ, министерот за здравство Венко Филипче истиот период излезе во јавноста и информираше дека тендерската постапка за набавка на респиратори за која имаше неколку контрадикторни информации од власта е поништена и овластувањата за спроведување на тендерот ќе и бидат пренесени на Владата.

„Поништен е тендерот за набавка на респираторни машини, ниту една фирма не ги исполнила критериумите“, истакна министерот за здравство Венко Филипче во една од прес конференции во месец март.


Related Articles