Филипче: Остануваме со сегашните мерки и ставаме акцент на вакцинацијата

Прилично стабилна е епидемиолошката ситуација. Минатата недела има пет проценти помалку новозаболени од неделата пред тоа. Тоа се чувствува и во болниците каде има повеќе слободни кревети, вклучително и на…

Прилично стабилна е епидемиолошката ситуација. Минатата недела има пет проценти помалку новозаболени од неделата пред тоа. Тоа се чувствува и во болниците каде има повеќе слободни кревети, вклучително и на Инфективната клиника, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче. Посочи дека на состанокот на Комисијата за заразни болести се разговарало и за новата мутација на Ковид-19 наречена омикрон.

-Остануваме со сегашните мерки, се уште нема доволно познати информации иако СЗО укажува на тоа дека можеби е полесно пренослив. Рестрикција некаква во однос на затворање на граници, на карантинизирање на патници од одредени земји нема да даде ефект. Очигледно е дека соевите се јавуваат и понатаму. Остануваме со овие мерки, ставаме акцент на вакцинацијата, истакна Филипче.

Министерот посочи дека од досега познатото за сојот, смета дека нема потреба од нови мерки. Новиот предлог за стимулација на матичните лекари ќе се најде на утрешната владина седница. Во овој момент не се размислува за предлог за релаксирање на мерките кои се однесуваат на угостителските објекти.


Related Articles