Охридската општа болница е во катастрофална состојба.
Ѕидовите во болницата се со мувла, а и дел од таванот е распаднат.
Уште покатастрофално е тоа што болните помеѓу одделенијата се пренесуваат во крајно нехумани услови.
Министерот за здравство Венко Филипче кој вчера беше во Охрид, наместо да ја посети болницата и да види какви се условите, тој беше на трибината на кандидатот за градоначалник од СДСМ Константин Георгиески.