Откако „ги реши“ проблемите на граѓаните, Град Скопје купи возило за заловување на бездомни кучиња. Серозните подледици од напади на улични „џукели“, како да ги заборавија и барем за момент исчезнаа – и не ми беше доволно алармирањето на граѓаните да направт нешто добро за подобрување на застрашувачката слика во главниот град.
Во текот на 2017 година, Службата за хуман третман и контрола заловила 1.444 кучиња, од коишто 1.055 биле медицински третирани, а 159 од овие животни биле вдомени во стационарот.
Јавното претпријатие Комунална хигиена – Скопје го стави во употреба новото возило наменето за заловување и транспорт на бездомните кучиња од скопските улици, информираа градските власти.
Ова е второ возило што ќе се користи од специјализирана Служба за хуман третман и контрола, при секојдневните акции за заловување на бездомните кучиња коишто ќе се транспортираат во стационарот Вардариште. Возилото е со носивост на товарен простор од 1.500 кг.
Новото возило за заловување и транспорт на бездомните кучиња е набавено по пат на јавна набавка, а истото ќе се употребува и за подигнување на телата на умрените животни од скопските улици.
ЈП Комунална хигиена од 2007 година го спроведува Проектот за хуман третман на бездомните кучиња – Програма наречена „Залови, стерилизирај, врати“. Оваа Програма е осмислена од Светската асоцијација за заштита на животните (WSPA), поддржана од Светската здравствена организација (WHO), а одобрена од Советот на Градот Скопје.
Според Програмата, кучињата откако ќе се заловат од Службата за хуман третман и контрола, се транспортираат во стационарот Вардариште, каде што може да се сместат околу сто животни во боксови изградени по европски стандарди.
- Во стационарот Вардариште има ветеринарна служба што ја проценува здравствената состојба на бездомните кучиња, како и нивната евентуална агресивност, при што здравите единки се подложуваат на третман на стерилизација, се прочистуваат од внатрешни и од надворешни паразити, се вакцинираат од беснило и се задржуваат околу десетина дена. Доколку за тоа време не бидат вдомени, овие животни се враќаат на локацијата од каде што се заловени, соопштија од Град Скопје.
Во текот на 2017 година, Службата за хуман третман и контрола заловила 1.444 кучиња, од коишто 1.055 биле медицински третирани, а 159 од овие животни биле вдомени во стационарот.