Тестирани се вкупно 1.880 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 29,1% во однос на минатата недела (n=2.651).

Регистрирани сe 172 нови позитивни случаи од 18 градови во државата, со зголемување од 8,9% во однос на минатата недела (n=158). Процентот на позитивност се движи од 5,9% до 19,1%, просечно 10,4%. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=89; 51,7%). Највисока инциденца е
регистрирана во Демир Капија (79,4/100.000 жители).

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, со најголем број на случаи пријавени во возрасната група над 60 години (n=69; 40,4%). Со оглед на малиот број на пријавени случаи, зголемувањето/намалувањето по возрасни групи е варијабилно, оваа недела се регистрира зголемување кај сите возрасни групи со најзабележително зголемување кај возрасната група од 0-9 години и возрасната група од 40-49 години, а намалување се регистрира кај возрасните групи од 10-19 години (-40,0%) и возрасната група над 60 години (-6,8%).


Во текот на минатата недела (27.02-05.03.2023) со статус „оздравени“ се стекнале 122 лица во хоспитални услови или на домашно лекување, за 17,3% повеќе во однос на минатата недела (n=104). Пријавени се 59 реинфекции, за 18% повеќе во однос на претходната недела (n=50).

Пријавено е едно починато лице со датум на смрт во текот на последната недела (27.02- 05.03.2023), лицето е од Куманово, со коморбидитети и починато во болнички услови. Лицето е на возраст од 75 години.