Ние бевме трпеливи, бидејќи преговорите траеја, а планираниот разговор со премиерот беше во врска за покачувањето на платите, сигурно не би разговарале за паркингот, појасни Јулија Јовановска.
Јовановска образложи дека тие биле многу навредени од министерот и од власта. Од самиот почеток кога почнаа да калкулираат со проценти. Овој месец, друг месец, 5% или 7%, 0%. И сево ова предизвикуваше раздор.
Ако излезеше со ист процент на плати, веројатно од нашето членство секако ќе прифатеа. Сестрите се незадоволни но во интерес на тимот, во интерес врви работата нашата конструктивност и во интерес на продолжување на понатамошните преговори ние некако бевме мирни. Меѓутоа во овие преговори беше исклучена апсолутна администрацијата, изјави Јовановска.