Како што можевте да дознаете пред некој период, во државата имаме 7000 медицински сестри и извесен број на доктори кои функционираат во рамките на здравствениот систем во Македонија. Од нив во последниов период најава за заминување имаат скоро 3000 медицински сестри и сеуште непознат е бројот на доктори кои ќе замине од државата, ама освен нив и студентите по медицина се спремаат пред време за пат кон Германија.
Дали сето ова се должи на лажните, неисполнети, од ракав истресени, само кажани, никојпат со тежина дадени ветувања на нашиот МИНИСТЕР ЗА ЗДРАВСТВО, г-нот Филипче или тоа можеби е резултат на ширењето на хаос, неодговорност, незнаење, невладеење со сите сегменти од здравството, немање стручен кадар или советници околу себе кои може да допринесат за подобри одлуки, туку сето тоа се случува, така на ачик, како на пазар и во некоја биртија или аптека, а можеби и на место каде се препакуваат лекови. БЕз разлика која и да е причината, на какво место и да се донесуват вакви одлуки, тоа во моментот е ирелевантно бидејќи македонскиот пациент ги губи можностите утре, во иднина да биде лекуван, чуван и третиран со лекарства од обучен кадар, спремни доктори и да има кој да дојде да го провери кога нема да може, не терминот медицинска сестра да биде поим кој некогаш постоел.
Во моментот од неофицијални извори дознаваме дека во Германија како држава има недостаток на медицински персонал, сестри и доктори, поточно недостасуваат во германските болници околу 200 илјади медицински сестри и некаде 60-70 илјади доктори. Бројки кои не се за занемарување, персонал кој нема да биде омаловажуван, третиран како ѓубре, да работи во никакви услови и да не може да добие ниту минимална плата во зависност од сложеноста на работата.
Во Германија се шпекулира дека почетните плати на медицинските сестри се движат помеѓу 3-4 илјади евра, додека докторските се помеѓу 5-7 илјади евра. Последната информација до која дојдовме е дека од Ноември 2015-тата година на македонските граѓани не им е потребно да илегално или скришно по тајни канали заминуваат за Германија за таму да може да најдат работа туку напротив, за да може Германија да излезе во пресрет на земјите од Западен Балкан воведено е западнобалканското правило со кое секој државјанин од Македонија може сам најлегално, најотворено без притоа да има било какви пријатели или врски да поднесе документи во германскиот конзулат во Скопје и при тоа да очекува и да има шанси да добие работна виза за Германија.
Така да, не е дека нас не ни се отворени вратите на светот, него некој сонува за полни џебови, па затоа ни се случува денешното сценарио со Грција, инаку истото се пресликува сега и во здравствениот систем во Македонија, сите оние студенти кои учат на приватните факултети, а се студенти по медицина додека студираат и на факултет го учат англискиот јазик, вон факултетските простории го изучуваат германскиот јазик, таму се гледаат себеси, поучени од тука, од третманот кој го нуди и дава министерот, гледајќи го некоректниот и нечовечки однос на министерот кон медицинскиот персонал, како и неостварените ветувања кои висат во воздух кои ги даде Филипче, а на кои им нема реализација и најверојатно никогаш и нема да се случи!
Погледнете ја нашата анкета и уверете се во тоа што го гледаат граѓаните во Скопје, во Македонија, како го гледаат здравството и здравствениот систем во МК, погледнете го нивното незадоволство, можеби ќе ја погледне и министерот, па утре кога ќе тргне на работа можеби ќе реши нешто да смени. Јавноста знаејќи за кој тим игра, малку потешко, ама пак за атер на македонските пациенти вреди да се надеваме – посочија граѓаните.
Токму поради сите овие причини испровоцирани граѓаните застанаа пред објективот на нашата камера и ни посочија како го гледаат здравството и здравствениот систем во Макеоднија, каде се грешките, зошто заминуваат медицинските сестри и доктори и што треба да се подобри или смени за истите да ги задржиме тука, бидејќи ако државата не знае да препознае дека има потреба од овој кадар и дозволи да си замине утре ќе има проблем со македонските пациенти, ќе нема стручен кадар кој ќе може да пружи помош и да се грижи за нив.
До кога вака, министерот ќе прави и ќе биде иницијатор само на раскол и на разнебитување во здравствениот систем во Македонија, до кога тој што треба да се грижи за унапредување на системот и негово функционирање се грижи само за профитот и провизиите кои може да ги земе, до кога? Ваков министер ние граѓаните на Р. Македонија не заслужуваме, ваков министер за здравство НЕ САКАМЕ!
Смена или оставка на власта и на министерот бараме! – се огласија македонските граѓани/пациенти.