Постојат илјадници диети со кои можете да се зафатите, но добар дел од нив всушност се штетни за здравјето. Но, како ќе препознаете дека држите лоша диета? Следете ги осумте најсигурни показатели.
- Диетата е потполна спротивност на вашата нормална исхрана
Ако не можете да го замислите неделниот ручек без печено месо, бирањето вегетаријанска диета само ќе ви го отежни нормалното функционирање. Исто така, ако немате доволно време за готвење, не треба да одбирате диета што бара деликатно приготвување на рецептите.
- Се елиминираат цели делови од исхраната
Диетите во кои се елиминираат цели делови од исхраната, како што се на пример јаглехидратите, не се одржливи на долг рок. Во случајот со јаглехидратите, се работи за основен извор на енергија, па така, иако можете да се откажете од нив на недела или две, на долг рок тоа сигурно ќе ви се удри од глава.
- Не ја намалувате телесната тежина набргу по почетокот
Позитивните резултати даваат дополнителна мотивација. Ако вагата не покаже намалување или фармерките не станат полабави набргу по почетокот, најголем дел од луѓето се откажуваат од диетата уште пред таа да има шанса да профункционира.
- Диеталниот план е премногу добар за да биде вистинит
Ако секој оброк во планот доаѓа во пакување, тогаш ќе ви биде екстремно тешко да ги поднесете непланираните ситуации, како што се викендите, одморите, роденденските забави, итн.
- Не сте мотивирани за вежбање
Диет плановите кои ви кажуваат дека нема потреба да вежбате се лоши за вас, ако не веднаш, тогаш сигурно на долг рок. Физичката активност носи со себе стотици здравствени придобивки покрај намалувањето на телесната тежина и затоа никогаш не треба да се откажете од вежбањето.
- Ве прави гладни, нерасположени или неподносливи
Намалувањето на телесната тежина е тешко, бара многу работа, но никогаш не треба да го почувствувате како измачување. Доколку постојано сте гладни, тоа веројатно значи дека не внесувате доволно калории кои ќе го заситат гладот (како оние од храна богата со растителни влакна).
Ако пак сте нерасположени, тоа најверојатно значи дека не внесувате доволно јаглехидрати или се лишувате од храна која неизмерно ја сакате. Ако станете неподносливи, за себе и за околината, тогаш многу поверојатно станува дека во брзо време ќе се откажете од диетата што сте ја започнале.