Раскрсници преполни со деца и жени со бебиња кои бараат од возачите “по некој денар за леб” е сликата која и натаму секојдневно ја гледаме по улиците.. За ситуацијата да биде уште позагрижувачка тие често ја заработуваат и дневната доза цигари и алкохол на нивните родители. Станува збор за серија кривични дела, меѓу кои и прекршување на Законот за заштита на децата. Граѓаните револтирани велат дека државата под итно мора да го реши овој проблем .
“Но, и покрај повеќето обиди досега, со дневни центри, градинки и други форми на ангажман, овие деца да се тргнат од улиците, децата–питачи и натаму се слика на главниот град, но и на раскрсниците низ целата држава. “
Се претпоставува дека Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска размислува за овие проблеми и дека навистина тоа што го кажува е основано, дека не е целиот разговор напамет, таа изјавува дека станува збор за проблем кој опфаќа повеќе различни институции. Вели дека министерството интензивно работи на воведување на кејс – менаџмент и воведување на минимален адекватен приход кој треба да почне од 2019 година.
Се додека властите низ годините го бараат најдоброто решение за овој проблем, граѓаните секојдневно бараат одговор на прашањето дали да дадат пари на овие деца или да ги послушаат советите на институциите дека со тоа проблемот добива поголеми размери.