По вчерашните бурни реакции за цената на паркингот на Клинички центар „Мајка Тереза“, велеа – „па ние не сме овде со автомобил од ќеиф, туку од мака“.

Затоа денес на Советот на Град Скопје се гласаше за Одлуката за согласност на инвестиционата програма за 2019 година на јавното претпријатие Градски паркинг – Скопје. Во рамките на оваа програма Град Скопје преку ЈП Градски паркинг предвидува нови 1.500 паркинг места во градот во текот на оваа година.

Програмата предвидува изградба на две монтажни катни гаражи во рамките на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ со вредност од 50 милиони денари, со што капацитетот на ова паркиралиште предвидено е да се зголеми за дополнителни 350 паркинг места. Едната катна гаража предвидено е да биде изградена во непосредна близина на Клиниката за гинекологија, а другата во непосредна близина на  Клиниката  за инфективни болести.

Знак прашалник е оваа одлука кога ќе се имплементира. Колку време ќе треба на Шилегов и Филипче да ја реализираат. Минатата година неколку пати Филипче ветуваше гаража во околината на Клинички, но никако да се реализира. Но затоа во текот на годината неколку пати се зголеми цената на паркингот, со што оваа власт и ова министерство го допреа дното. За неколку часови ако автомобилот ти е на паркингот граѓаните плаќаа по 500 денари.

Граѓаните оставаат на време да видат дали и оваа мерка што ја изгласаа во Советот на Град Скопје ќе се реализира и за колку време, да не биде како ветувањата на Филипче.