Годинава во Скопје сеуште не е прскано против комарци, а тоа требаше да се направи уште кон крајот на март или април, но очигледно на градоначалникот Петре Шилегов не му е грижа за здравјето на граѓаните, иако дезинсекцијата му е законска обврска. Токму комарците кои деновиве ги има се повеќе низ главниот град можат да пренесат сериозни болести на луѓето, предупредуваат епидемиолози.
– Како што се западно нилската треска, која лани и последните две години за среќа не беше регистрирана во Македонија и маларија кое е сериозно заболување, и за среќа не е редистрирана подолго време кај нас, изјави д-р Владимир Миќиќ, од Институтот за јавно здравје.
И додека скопјани деновиве се жалат на зголемен број инсекти, според градските власти дури за десетина дена ќе почне уништувањето на комарците бидејќи тендерот бил обжален зошто се сомневале во квалитетот на препаратите. Дотогаш на граѓаните им останува сами да се заштитат како знаат и умеат.