Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ на својата фејсбук страна денеска посочи дека по само еден настанат дефект на Клиниката за пулмологија и алергологија, болните не може да се примат во болницата. Тие во продолжение ги потврдуваат стратешките грешки во македонското здравство:

– ПРВО, Да имаше нов клинички центар барем оној во кампусот клиники Мајка Тереза, ќе беше многу поинаку за пациентите и условите ќе беа подобри за персоналот.

– ВТОРО, Дали беше грешка одлуката Центарот за цистична фиброза да се премести од Детската болница – Козле на УК Педијатрија и УК пулмологија и алергологија? Персоналот е обучен и подготвен за третман и следење на ваквите пациенти, просторните услови ќе беа подобри доколку имаше  нов клинички Мајка Тереза, или доколку останеа во Детската болницата – Козле.

– ТРЕТО, стратешка грешка е да се инвестира во дотрајаната зграда на Интерна медицина во Кампусот Мајка Тереза, оваа зграда инфраструктурно не може да одговори на потребите на здравствениот систем, велат од Комисијата.