Коронавирусот во Македонија од почетокот на епидемијата одзема вкупно 5016 животи. Министерството за здравство информираше дека во последниве 24 часа се направени 2.928 тестирања при што се регистрирани 323 нови случаи на заболени, а пријавени се 24 починати. Најмладиот пациент бил на возраст од 32 години, а најстариот на возраст од 87 години.
Од пријавените 24 починати 8 лица се од Скопје (32г,53г,68г,71г,73г,83г,87г и 87г), 4 се од Битола (72г,73г,81г и 82г), по 2 се од Струмица (71г и 71г), Прилеп (72г и 80г) и Куманово (62г и72г), и по 1 починато лице е од Штип (87г), Тетово (75г), Гостивар (64г), Кочани (64г), Охрид (72г) и Струга (71г). Од пријавените, 21 се починати во болнички, а 3 во домашни услови.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани досега во нашата земја е 153.137, бројката на оздравени пациенти е 135.367, а бројот на активни случаи изнесува 12.754.