Револт кај лекари и специјалистички ординации кои немаат договори со ФЗОМ бидејќи не се во мрежата на здравствени услуги. Но и да сакаат да бидат дел од тој систем, велат дека неможат бидејќи здравствените власти се тоа го прават под превезот на тајност. Пред една недела имало лицитација за влез во мрежа за специјалистички ординации за Скопје. И револтот е голем бидејќи огласот бил објавен само во службен весник. Не бил објавен ни на сајтот на Министерство за здравство, каде, пак, Филипче и неговите соработници се фалат за сите нивни прошетки во странство и во државата. Но она што е важно за системот и за лекарите во него, не е објавено. Нејасно е и како се одвивал целиот тој процес бидејќи лицитацијата почнала со 1000 денари за месечна концесија и стигнала до неверојатни 45000 денари.
За ова реагираат и од Здружението на приватни лекари кои на својот сајт објавиле дека реагираат заради нетранспарентност на огласот.
-Кој од докторите чита по цел ден службен весник, прашуваат од ЗПЛРМ од каде велат дека до нив стигнале бројни реакции.
Во мрежа влегле три специјалистички ординации и една се откажала од лицитирањето.