Од малечки ве учат дека некои работи се лоши и дека не треба да ги правите ако не сакате да му наштетите на вашето здравје, но научни истражувања го негираа сето она на кое ве учеа вашите родители.
- Не го местите креветот
Научници од Универзитетот во Кингстон дошле до заклучок дека ненаместувањето на креветот може да им помогне на луѓето кои имаат проблеми со алергија на грини. Без оглед на тоа колку се трудите редовно да ја перете постелнината, факт е дека во вашиот кревет секојдневно има околу 1.5 милиони грини. Грините особено уживаат во темни и влажни места, па затоа убаво наместениот кревет е иделно место за нив.
Од друга страна, истакнуваат истражувачите, ако го оставите креветот ненаместен, тоа ќе му даде доволно воздух и светло да се исуши од евентуална влага и ќе имате помалку грини. Сепак, ако сте од оние кои сакаат секогаш да имаат наместен кревет, решението е почесто да ја перете постелнината.
- Пцуете кога ќе се повредите
Веројатно ви се случило случајно да го удрите лактот од вратата, а потоа наредните пет минути да ја колнете и вратата и тој што ја измислил. Иако од малечки ве учат дека пцуењето е лошо (и навистина, во повеќето случаи е), во ваквите ситуации можете себе си да си дадете оддишка. Имено, истражување од Универзитетот во Кил покажало дека луѓето кои пцујат можат да издржат болка и до 50% посилна отколку оние што се воздржуваат.
Една од теориите е дека пцуењето нè поттикнува на инстинктот „бегај или бори се“.
- Ждригање
Гласното ждригање можеби е непристојно, но може да спречи болки во стомакот. Имено, ждригањето е нормален дел од дигестијата и ако се воздржувате, можете да предизвикате проблеми. Воздухот кој го ждригаме содржи неколку супстанции меѓу кои и јаглерод диоксид. Доколку се воздржувате и не ждригнете, воздухот останува во стомакот и може да предизвика болки, вели гастроентерологот Ник Рид.
- Не бришете прашина
Бебињата кои се изложени на прашина поретко боледуваат од алергии, тврдат научниците, затоа што на тој начин стекнуваат имунитет. Едно истражување покажало дека кај децата кои се изложени на прашина и грини, всушност доаѓа до намален интензитет на алергии – но, тоа не значи дека треба во целост да престанете да се грижите за вашиот стан. Меѓутоа, ако сте заборавиле оваа недела да избришете прашина, не мора веднаш да се грижите дека тоа ќе ви наштети вам или на вашето дете.
- Гасови
Иако гасовите технички не се лоша навика, туку физиолошка потреба, никој не сака да се најде во друштво на некој кој испушта „гулаби“ на непријатен мирис. Меѓутоа, ретко кој знае дека гасовите всушност се многу здрави и дека луѓето кои намерно ги задржуваат, на тој начин можат да му наштетат на својот организам.