Луѓето отсекогаш имале потреба да ја поврзуваат симболиката на љубовта со сѐ што ги опкружува.
Љубовта отсекогаш била движечка сила и смисла на животот, како и инспирација за многу уметници. Еден од начините да се препознае љубовната симболика е и гледањето на часовник, односно се верува дека одредена положба на стрелките има одредено значење.
Кај дигиталните часовници нема поклопување на стрелките и овде за цагер се смета кога часовникот ќе означи 00:00, 01:01, 02:02 итн.
За прецизно да се протолкува љубовната симболика треба да се знае значењето на секој час, односно така може да се открие моменталната ситуација во љубовта, како и очекувањата за иднината. Сепак, за оваа техника да делува најважно е случајно да се погледнува во часовникот, а не постојано да се гледа во него.
00:00 – вашето момче/девојка многу ве сака и сака засекогаш да останете заедно
01:01 – некој често ве сонува
02:02 – наскоро ќе ве изневери саканата личност или вие ќе ја изневерите
03:03 – замислете си желба
04:04 – желбата што сте ја замислиле ќе ви се оствари
05:05 – некој ве обожава
06:06 – ќе се смирите со саканата личност
07:07 – во наредниот период ќе доживеете изненадување или ќе откриете некоја тајна
08:08 – личноста во кога сте вљубени не ве сака, најдобро да ја заборавите
09:09 – многу сте посакувани, многумина би сакале да се со вас
10:10 – љубоморни сте на некого или некој е љубоморен на вас
11:11 – ќе ве бакне личноста која ви се допаѓа
12:12 – наскоро ве очекува нова љубов
13:13 – ќе почнете повторно врска со бившиот/бившата
14:14 – пред вас е стабилна љубовна врска
15:15 – вашата симпатија не сака да ве види
16:16 – ве очекуваат лоши вести во наредниот период
17:17 – на повидок е интересна авантура
18:18 – наскоро ве очекува изненадување
19:19 – во наредниот период ќе се скарате со саканата личност
20:20 – ќе добиете порака од личноста која ви се допаѓа
21:21 – ве очекуваат убави вести и среќни случувања
22:22 – ќе имате средба со саканата личност
23:23 – ќе завршите во кревет со личноста што ви се допаѓа