По сончевиот и топол викенд, утрово Охрид осамна во магла. Температурата измерена во 8 часот изнесуваше 2 степени Целзиусови.
До крајот на денот ќе преовладува сончево и стабилно време, со температура до 12 степени, но поради маглата во одредени котлини ќе биде постудено, информира УХМР.
Освен пониски температури, маглата која ги задржува сите нечистотии во воздухот и штетни честички од загадувањето, кое и оваа зима во земјата оборува рекорди, предизвикува и здравствени проблеми. Особено чувствителни се хроничните болни на кои им се препорачува непотребно да не излегуваат на отворено.