Министерот за здравство, Венко Филипче во текот на мандатот ќе остане запаметен само по сомнителните тендери и скандали. Тој го призна уништувањето на инсулин со важечки рок на употреба, реагира Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.
-Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција соопшти дека ќе го проверува скандалот, поточно дека „ќе преземе дејствија за проверка на потеклото на лекот и процедурата за уништување на инсулинот”. Почитувани, изминуваат два месеци од обелоденување на скандалот, но ни трага ни глас од институциите. Молк во обвинителството! Затоа прашуваме Дали јавното обвинителство презема некакво дејствие во врска со случајот, истакна таа.
Андоновска прашува: Доколку ништо не е преземено, која е причината за чување на предметот во фиока?
-Истрагата за случајот Инсулин не смее да заврши со ЌЕ. Народот гледа дека наместо да биде приоритет борбата со криминалот, приоритет на обвинителството е испoлнувањето на политичките нарачки на Заев. Народот на 12 април ќе стави крај на ваквото однесување и ќе следи Обнова на Македонија, истакна таа.