Освен преполнети канти со отпад, диви депонии и кучиња скитници сега и медицинскиот отпад стана секојдневие во Клинички центар.
Пациентите денес пред Хематологија забележале медицински отпад. Револтираните пациенти и граѓани знаат дека откако Филипче е министер приоритет не му ни е ниту здравјето на народот ниту самата хигиената во Клиничкиот Центар.
За да го потсетат министерот дека хигиената е и половина здравје, се појавија слики и по социјални мрежи, бидејќи со ширење на сликите мислат дека министерот со розеви очила ќе се освести и ќе започне да се залага за хигиената. Вака граѓаните односно пациентите ги остава незаштитени и изложени на секакви болести и бактерии.
Само да потсетиме дека пред околу една недела исто така имаше ист ваков случај со медицински отпад. Имаше распослано среде Клинички центар токсичен и инфективен материјал односно кривни продукти и заразен материјал. Овој токсичен материјал според стандардите треба да се пакува во специјален контејнер, и потоа се зема со посебно возило кое го носи до Дрисла.
Од Министерството за здравство за проблемот со медицинскиот отпад на Клиничкиот центар се уште молчат и не одговараат. И додека министерот со розевите очила си шета и се расфрла со лажни ветувања, пациентите се дават во ѓубре секојдневно. Револтираните граѓани по социјалните мрежи секојдневно го искажуваат својот револт и бараат одговорност од министерот.