На земјиштето на поранешната фабрика „МЗТ“ ќе се гради фабрика каде што ќе се уништува и преработува медицински отпад, пренесува „Макфакс“.
На ова реагираат граѓаните и сопствениците на околните фирми кои потпишуваат и петиции за стопирање на градбата. Станува збор за „Еко Клуб ДООЕЛ Битола“. Како што јавува „Макфакс“ станува збор за компанија која веќе 27 години работи како приватна комунална компанија.