Медицински сестри учат како да постапат при животозагрозувачки состојби

Почнаа обуките за медицински сестри за постапување при животозагрозувачки состојби како прв чекор во континуираниот процес на едукација, информираат од Министерството за здравство. На веб страницата на Министерството е објавено…

Почнаа обуките за медицински сестри за постапување при животозагрозувачки состојби како прв чекор во континуираниот процес на едукација, информираат од Министерството за здравство.

На веб страницата на Министерството е објавено дека обуките следат по средбата на ресорниот министер Венко Филипче со Здружението на медицински сестри на Република Македонија, техничари и акушерки на Македонија и Здружението на анестезиолози.

Во текот на оваа недела, како што се наведува, е предвидено со обуките да бидат опфатени 230 учесници.

Обуките се спроведуваат во соработка со Медицинскиот симулациски центар и предвидено е со договорената динамика да продолжат и во претстојниот период, согласно континуираните заложби за унапредување на знаењата и вештините на здравствениот кадар во јавните здравствени установи во државата, посочуваат од Министерството за здравство.


Related Articles