Исто како и за многу болести претходно, таа сега и за дијабетичарите министерството за здравство чека да дојде “5 до 12” за да набават терапија. На околу 4000 претежно млади лица со дијабет им се заканува недостиг на инсулин. Од неопходната терапија залихи имаат само за месец и половина, а редовната набавка е планирана дури за август. Ова го потврдија и од министерството за здравство. Проблемот ќе го решавале со интервентен увоз.
– Еден и пол месец е во прашање за да го пополниме тој вакуумски простор до распишување на целокупната постапка. Еден и пол месец е сосема доволен период за да се покријат потребите на граѓаните. Граѓаните на Република Македонија кои примаат инсулин нема да останат ниту еден ден без потребните количини инсулин, изјави Владимир Милошев, Државен секретар во Министерството за здравство.
И овој интервентен увоз на инсулин ќе биде според стариот закон за паралелен увоз на лекови, без голема гаранција за квалитетот на терапијата зошто законските измени сеуште се во собраниска процедура.
Инаку во земјава околу 35.000 лица со дијабет неможат да живеат без инсулин.