Најнова студија: Откриено е зошто болните од Ковид-19 го губат сетилото за мирис

Познато е дека коронавирусот се карактеризира со температура, болки во грлото, кашлање, болки во градите и омалаксаност. Ова се најчестите симптоми кои се појавуваат, но многу од заразени го губат…

Познато е дека коронавирусот се карактеризира со температура, болки во грлото, кашлање, болки во градите и омалаксаност. Ова се најчестите симптоми кои се појавуваат, но многу од заразени го губат и сетилото за мирис и вкус.

Научниците посочуваат дека причината за ова би можел да биде еден ензим кој е одговорен за влезот на коронавирусот во клетките во организмот. Тие вршеле испитување на екстремно високи дози на ензимот ACE-2 (Agniotensin Converting Enzyme 2) за да докажат дека овој ензим е одговрен за губењето на сетилото за мирис. За својата студија научниците од Џон Хопкинс универзитетот испитувале ткива на 23 пациенти, кои им се отстранети по оперативен пат.

Резултатите од истражувањето би можеле да послужат за нов пристап во лечењето на заразените, напишале научниците во списанието „European Respirattory Journal“. Резултатите прво треба да бидат потврдени со со дополнителни истражувања, но како што посочуваат од универзитетот ако тоа се покаже точно, тогаш би можеле да ја победиме заразата со антивирусна  терапија, која би се давала директно во носот.


Related Articles